Москва загрижена за случувањата во Македонија, апелира на дијалог

Руското Министерство за надворешни работи изрази загриженост за како што наведуваат ескалирањето на состојбите во Република Македонија и апелира до сите страни за политички дијалог и смирување на тензиите.
- Со загриженост ги примивме соопштенијата за ескалирање на политичката спротивставеност во Македонија, за немирите кои се случија во Скопје. Ги повикуваме сите страни на политички дијалог и непровоцирање на нови изливи на кризата којa трае веќе повеќе од една година, се вели во соопштението испратено до медиумите од Руската Амбасада.
Воедно, се констатира дека зад ескалацијата на состојбите во земјата стои опозицијата поддржана од надвор.
- Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно-политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст, се вели во соопштението.
Според руското МНР, недозволиво е да се разнишува кревката ситуација во Македонија, имајќи ја предвид комплициранa етничка и верска структура на земјата,
- Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање во целиот Балкански регион, се посочува во соопштението од МНР на Русија.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
