Москва: „Сензационалната“ вест дека Трамп му пренел на Лавров доверлива информација е лажна

Веста дека американскиот претседател Доналд Трамп при средбата во Белата куќа на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му пренел строго доверлива информација за планирана операција на Исламската држава, е „лажна информација“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Сакам да напоменам, дека на 11 мај (ден по средбата во Белата куќа) јас предупредив: американските медиумии планираат по два дена да објават „сензација“ за средбата меѓу Трамп и Лавров. Замислата им вклучуваше и „разубавување“ на „сензацијата“ со помалку „тајни“ фотографии од средбата што требаше да дадат заснованост и ведостојност на уште една лага, напиша Захарова на нејзиниот Фејсбук профил.
- Но ние го уништивме оној дел од палнот на нивната информативна кампања, кога објавивме фотографии што ги почитуваат сите закони на професионалната етика, додаде таа.
Како што јави ТАСС, Захарова препорача да не се читаат американските весници, што се занимаваат со ширење на измислени „сензации“.
- Можете да ги користите на најразличен начин, но не треба да ги читате, во последно време тоа не е само штетно, туку и опасно, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на Фејсбук.
На овој начин таа одговори на прашањето како ќе ги коментира објавите во „Вашингтон пост“, каде се тврди дека Трамп можеби сподели со Лавров и со рускиот амбасадор Сергеј Кислјак строго доверлива информација за време на преговорите во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
