-->
-->
Москва: Се проверуваат сите можности за падот на воениот авион
-->

Рускиот Истражен комитет ги разгледува сите можни причини за денешното уривање на воениот авион Ту-154 во источниот дел на Црното Море во близината на Сочи, при што загинаа сите 93 патници и членови на екипажот, изјави вечерва министерот за транспорт на Русија, Максим Соколов.
Како што јави ТАСС, говорејќи на прес-конференција во Сочи, Соколов изјави дека меѓу верзиите за причините на падот за авионот е и можен терористички акт, но дека засега е рано да се говори за таква варијанта,
– Истрагата работи на сите верзии и на целиот спектар за можни причини што довеле до несреќата, но да се говори за тероризам е преурането. потенцира Соколов.
Тој истакна дека „црните кутии“ на авионот немаат радиоемитиери и дека по нив се трага со радилокатори.
– Времетраењето на операцијата ќе зависи од ситуацијата, но можно е таа да биде многу долга, рече Соколов, додавајќи дека потрагата по телата на патниците и деловите од авионот за денеска е завршена и дека ќе продолжи утре.
Тој најави дека во потрагта се вклучени 32 брода, пет хеликоптери, неколку дронови и подморница со далечинско управуввање, како и околу 1.000 лица, меѓу кои и 80 нуркачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
