-->
-->
Москва: Невозможно е да се продолжи договорот за извоз на украинско жито под сегашни околности
-->

Невозможно е да се продолжи рокот на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море под сегашните околности, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко, пренесе БТА.
Матвиенко на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека трпението на Русија го достигна својот крај.
Всушност, таа ги повтори коментарите дадени претходно оваа недела од рускиот претседател Владимир Путин и други високи руски претставници.
Претседателката на Советот на федерацијата изјави и дека е важно да се избегне влошување на кризата со храна во посиромашните земји.
Договорот овозможува безбеден извоз на жито и други производи од пристаништата на Украина преку Црното Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
