Москва нема да се меша во работата на ОПЦВ во Сирија
Официјална Москва денеска соопшти дека нема да се меша во работата на мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), чии иследници во Сирија треба да истражат дали имало напад со хемиско оружје во градот Дума.
- Русија ја потврдува своја посветеност да се обезбеди непречена и безбедна работа на мисијата и нема да се меша во нивната работа, сооопшти Амбасадата на Русија во Хаг.
Во соопштението од Амбасадата се наведува дека нападите предводени од САД во текот на викендот врз три постројки во Сирија бил обид „да се поткопа кредибилитетот на мисијата“.
ОПЦВ денеска се состана на итна средба, на која расправа за нападот во Дума, јави АФП, повикувајќи се на дипломатски извори. Еден од изворите навел дека состанокот кој се држи зад затворени врати, тукушто почнал.
Претходно беа забележани амбасадорите на Велика Британија, Русија и Франција како пристигнуваат во седиштето на ОПЦВ во Хаг.
ОПЦВ има 192 членки, а претседавачот, амбасадорот на Бангладеш, шеик Мохамед Белал за денеска свика состанокот на Извршниот совет, во кој членуваат 41 држава „за да разговараат за наводната употреба на хемиско оружје" во Сирија.
Ново на Сител
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина
-
Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест
-
Израел: Постара жена убиена во терористички напад во Херцлија
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани