Москва ги отфрли тврдењата за руски напади во Палмира
Руското министерство за одбрана ги отфрли како „целосни лаги“ тврдењата дека руски авиони извршиле воздушни напади врз сирискиот град Палмира.
- Сите информации во странските медиуми дека руски авиони извршиле воздушни напади врз градот Палмира се целосна лага, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.
Тој истакна дека руската армија во Сирија не врши напади во населени места, ниту врз културни споменици.
Според Конашенков групата ИД тоа го искористила во Палмира и според информациите на некои странски медиуми, неодамна ја уништила познатата Триумфална порта во овој антички град.
Сириската државна телевизија јави дека претходно денеска руски авиони извршиле напади врз позиции на ИД во сирискиот град Палмира и северната покраина Алепо.
Во соопштението се наведува дека во нападите се уништени 20 возила и три магацини за оружје на ИД во Палмира, како и дека тоа се први напади на руски авиони во ова подрачје.
Ново на Сител
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот