-->
-->
Московската берза останува затворена
-->
Московската берза останува затворена и денеска, соопшти Руската централна банка.
Берзата ќе биде затворена до 8 март. Затворањето, според соопштението, вклучува „тргување и порамнување на сите пазари на Московската берза“.
Берзата не е отворена цела недела, откако Западот воведе санкции против Русија минатиот викенд.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови санкции против руските олигарси. Велика Британија, исто така, санкционираше двајца водечки олигарси чие вкупно богатство се проценува на 19 милијарди долари.
– Нема да запреме овде. Наша цел е да ја осакатиме руската економија и да ја изгладнеме воената машина на Путин, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
