Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година.
Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976).
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
-
Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
-
Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
-
Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ако се почитува одлуката на Владата, ќе се намалат трошоците за храна
-
СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола