-->
-->
Морничаво предупредување на познатиот научник: Неизбежно е да нè погоди метеор од вселената, луѓето мора да ја напуштат Земјата
-->
Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите, смета професорот на њујоршкиот Сити колеџ, светски познат физичар, футурист и космолог Мичио Каку.Д-р Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета.

"Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден метеор од вселената и поради тоа нѝ е потребен резервен план", смета професорот.
До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој, и додава дека во релативно скоро време би можеле да ги гледаме нашите внуци како одат на Марс на меден месец.
"Цените драстично паѓаат, па затоа новите идеи ќе станат сè поприфатливи. Дури и милијардерите од Силициумската долина сè повеќе се вклучуваат во играта. Тие вложуваат пари во вселенски бродови за лет на Месечината", истакнал научникот.
Мичио Каку, кој уште како мал во гаражата на својот татко го составил својот прв акцелератор на честички за еден училишен проект, стана една од најпрепознатливите фигури на современата наука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
