Морисон: Пропаднатиот договор со Франција е во интерес на Австралија
– Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека е во национален интерес на неговата земја да го раскине договорот од 2016 година со Франција за купување подморници.
– Јасно е дека другата страна во договорот (кога ќе биде раскинат) ќе биде вознемирена и разочарана. Јас го разбирам тоа, но исто така, сигурен сум, ќе биде јасно дека националните интереси на Австралија се на прво место. Австралија имаше корист преку трипартитното партнерство што успеав да го остварам со (американскиот претседател Џо) Бајден и (британскиот премиер) Борис (Џонсон), изјави Морисон за телевизискиот канал СБС.
Тој додаде дека „ја разбира фрустрацијата на француската Влада и оние што работеа на проектот“.
– Но, Австралија, како и секоја суверена нација, мора да донесе одлуки што се во интерес на нејзината национална одбрана, а ние тоа го направивме во сегашните околности, рече Морисон.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости