Морачанин: Струјата не треба да биде евтина, треба да биде скапа за ја штедиме
Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалициски партнер на СДСМ, од собраниската говорница истакна дека струјата не треба да биде евтина, односно граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.
– Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече Морачанин.
Таа истакна оти се согласува дека во овој момент заради корона кризата и јасната социоекономска криза како во светот така и кај нас се потребни можеби вакви стимулативни мерки и поддршка за граѓаните за да не го почувствуваат тој удар, и во таа насока рече дека ќе го поддржи законот.
– Но, дефинитивно подобро решение, според мене, е намалување на електрична енергија да има само кај социјално ранливите категории, додаде Морачанин.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски