Живот
24. January 2017 - 14:59

Мора да го погледнете -Ова видео ќе ви го стопли срцето

Градските власти во Легница на југозападот од Полска се во потрага по непозната жена за да и се заблагодарат за нешто што би требало да биде вообичаено, а стана вонредно хумано дело – и помогна на стара жена да премине преку лизгавата улица додека сите други ја игнорираа.
Снимката од камерите на улицата на својата интернет страна и социјалните мрежи ја објави локалната полиција, како потсетување на тоа каде луѓето ги има однесено модерниот и брз живот. Видеото е со наслов „Малку топлина среде зима“.
 
-Надзорот на градската полиција ја виде таа ситуација и единствено што можеше да направи е на местото да прати екипа да и помогн на бабата. Се виде дека минувачите не ја забележуваат, дека можеше да се лизне и да падне, да се повреди, да скрши рака или нога. Нашата патрола веќе беше на пат. Добро е што наиде таа жена, изјавил полицаец од локалната полиција.
 
Градоначалникот трага по засега непознатата жена бидејќи сака лично да и се заблагодари.