Мора да бидете сериозни: Поради ова не треба да се смеете на фотографијата за пасош

Сигурно барем еднаш додека сте се сликале за пасош ве опоменале да не се смеете, да ја држите главата право, мирно, без гримаси. Колку и да не ви делува така, зад овие инструкции се кријат многу сериозни причини кои се однесуваат на безбедноста.
Имено, вашиот пасош во себе содржи чип во кој се наоѓаат биометриски податоци за вас, кои се изведени од фотографијата која сте ја доставиле за документот. Таа фотографија е скенирана а клучните односи - растојанието меѓу очите, од врвот на носот до брадата - се користени за генерирање на таканаречената математичка мапа.
Се што ги нарушува тие мерки - како носење наочари за сонце или широка насмевка - ја смалува ефикасноста на користениот алгоритам, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.
Кога ќе дојдете на аеродром вие поминувате низ електронска капија, тогаш погледнувате во камерата која ви го скенира лицето. Тогаш компјутерот одлучува дали математичката мапа генерирана на Гетвик, Хитроу или на некој друг аеродром се совпаѓа со таа во вашиот биометриски пасош.
Ваквиот вид контрола значително се заостри по терористичките напади на 11. септември 2001. во САД.
Ново на Сител
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет
-

31 јануари - ден на свети Танасиј, голем борец за вистинското православие
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
