Македонија
28. December 2015 - 16:13

Монографија за градинката „Детска радост“

Монографија за 60 години од работата на градинаката „Дестка радост“ во општина Гази Баба беше промовирана денеска во „Порта Македонија“.

- Во монографијата е опфатен период од 60 години неуморна, со љубов и грижа, работа на воспитно-образовниот кадар, каде поминале многу генерации на деца, растејќи и чекорејќи кон својата иднина, информира Општина Гази Баба. 

На промоцијата се обратија градоначалникот Тони Трајковски, директорката на градинката Љиљана Крстевска и Дарка Петрушевска,  претставник од Министерство за труд и социјална политика.