Кошарка
25. September 2015 - 15:14

Моника Гавриловска, нов Генерален секретар во МКФ

 
 
 
Поранешната македонска репрезентативка, Моника Гавриловска ќе биде именувана за Генерален секретар на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ). 
 
Гавриловска која по доаѓањето на петар Наумоски на функцијата „прв човек„ на мак-баскетот беше назначена за координатор на женските селекции, ја ужива довербата на претседателот, особено ако се има в предвид дека таа беше најблиска соработничка на Наумоски уште од првиот ден на неговото доаѓање во федерација, воедно и негова придружба на Евробаскет 2015 во Загреб.
 
„Гавриловска е човек од најблиското окружување на Наумоски уште од самото доаѓање во федерацијата. Таа воедно долги години е дел од кошарката и дефинитивно заслужува одговорна функција во МКФ“ – потврдија од куќата на македонската кошарка.
 
Именувањето на Гавриловска се очекува в недела, кога во Охрид ќе се одржи нов состанок на Управниот Одбор, на кој една од точките е токму изборот на нов Генерален секретар.