-->
-->
Моника Гаврилоска назначена за член на младинската комисија при ФИБА
-->

ФИБА Европа брзо ги препозна професионалноста , квалитетот, несебичноста и посветеноста кон кошарката на генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација Моника Гаврилоска.
Европската куќа на кошарката одлучи првиот оперативец на МКФ, Моника Гаврилоска да ја награди и да ја назначи за член на Младинската(Youth) комисија при Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА. Комисија која се грижи и работи за развојот на младинската кошарка ширум светот.
Ова големо признание е само уште еден доказ плус, дека посветеноста на раководните луѓе на МКФ во изминатиот период е токму кон младинските категории, посебно во У-14. Каде со регионалниот проект на ФИБА „Заедно до У16“, полека се појавуваат и посакуваните резултати (oдличен настап на зимскиот камп во Истанбул и победи над врсниците од Галатасарај, Фенербахче и Ефес Анадолу) и само ни даваат дополнителна потврда дека тоа е единствениот и вистински пат за квалитетен и континуиран развој на младите кошаркари, со надеж дека дека подоцна од нив ќе излезат и успешни сениорски репрезентативци. Како и успешни луѓе во нашето општество
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
