-->
-->
Монфис следен противник на Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а за влез во финалето ќе се бори со Гаел Монфилс. Ѓоковиќ во четвртфиналето беше подобар од Жо-Вилфред Цонга, а Монфилс славеше над сонародникот Лука Пуи.
Ѓоковиќ, кој ја брани титулата на УС Опен, во полуфинлаето мина откако одигра два сета против Цонга. Српскиот тенисер со доминантна игра ги освои првите два сета (6-3, 6-2), а потоа францускиот тенисер, поради повреда на коленото, го предаде мечот.
Во првите два сета Ѓоковиќ имаше повеќе директни поени (18-11) и помалку неизнудени грешки (12-36).
Интересно, Цонга е третиот тенисер кој на овој УС Опен му го предава мечот на најдобриот светски играч. Претходно, во второто коло, воопшто не го одигра мечот против Јиржи Весели, а во третото коло против Михаел Јужњи одигра само еден сет.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде Монфилс кој очекувано го совлада Лука Пуи 6-4, 6-3, 6-3. Монфилс се избори за своето прво полуфинале во Њујорк, максимално користејќи го заморот на Пуи, кој во претходните три меча играше максимални пет сета.
Во женска конкуренција првата полуфинална двојка ја формираа Каролин Вознијацки и Анжелик Кербер.
Вознијацки која е 74-та на ВТА листата и која во минатото има два пати играно финале на УС Опен, во двата сета и препушти само два гема на Летонката Анастасија Севастова.
Данската тенисерка максимално ја искористи повредата на скочниот зглоб, со која нејзината противничка се здоби на самиот почеток на мечот.
Кербер, која доколку го освои Њујорк ќе биде прва на на ВТА листата, славеше во два сета над Италијанската Роберта Винчи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра