Фудбал
28. August 2017 - 9:27

Монако го торпедира Марсеј со 6-1

Фудбалерите на Монако го задржаа чекорот на врвот на табелата со ПСЖ откако убедливо со 6-1 во дербито од 4. коло го совладаа тимот на Олимпик Марсеј. 

Глик го отвори резултатот за домаќинот а 2 гола потоа постигна Фалкао. Дијакаби, Сидибе и Фабињо исто така запишаа по еден гол за убедливиот триумф на францускиот првак.