МОН врши исплата на грантови за реализација на училишни проекти од областа на мултикултурализмот
Во тек е исплатата на грантови за реализација на училишни проекти од областа на мултикултурализмот. Министерството за образование и наука пет години по ред предвидува средства од својот буџет, што се доделуваат на основните и средните училишта за организирање и реализирање на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
– Наставните и воннаставните активности кои се финансираат со грантови во висина од најмногу до 30.000 денари, се реализираат самостојно од страна на училиштата или во соработка со други училишта, со учество на ученици од различни етнички заедници и на повеќе наставни јазици, соопшти Министерството.
Од МОН информираат дека за оваа намена, преку јавни повици досега се доделени вкупно 509 грантови, од кои 384 на основните училишта и 125 на средните училишта.
Според податоците на Министерството за образование и наука, во учебната 2020/2021 година доделени се 70 грантови на основните и 23 на средните училишта, а исплатата на средствата е во тек.
За објава на следниот јавен повик за доделување на средства по овој основ, Министерството наведува дека училиштата ќе бидат навремено информирани.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија