-->
-->
МОН: Учениците ќе користат пролетен распуст од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни
-->
Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст во периодот од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).
Владата на денешната седница, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
-Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информира МОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта