МОН: Пријавувањето за патување за најдобрите студенти завршува утре
Пријавувањето за наградно патување во Париз, Барселона или Венеција за најдобрите студенти трае до утре, 18 март, потсетува Министерството за образование и наука.
Може да аплицираат студентите од првите три најдоброрангирани универзитети: „Св. „Кирил и Методиј“-Скопје, „Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово.
- Останати услови кои треба да ги исполнат студентите се: да немаат повторувано година, да имаат просек над 9,5 и да го имаат положено последниот испит од студиите најдоцна во јануарската испитна сесија годинава, не подоцна од 15 февруари, а сè уште да ја немаат одбрането дипломската работа, односно да го немаат подигнато уверението за завршено високо образование, доколку на нивниот факултет не е предвидено бранење дипломски труд, соопшти МОН.
Студентите што ги исполнуваат условите треба најдоцна до утре до Министерството за образование и наука да достават пополнета пријава. Патувањето во Париз, Барселона или Венеција е со целосно покриени трошоци за сместување, за храна и за авионски превоз.
Јавниот повик со сите дополнителни информации е достапен на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровски езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид