МОН: Основците ќе пребаруваат наставни и едукативни содржини преку ИТ-опрема за безбеден пристап до интернет
Информатичко-комуникациската инфраструктура во основните училишта во државата се унапредува. Во 40 од нив веќе е поставена нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти Министерството за образование и наука.
МОН појаснува дека пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е ограничено само за образовни потреби.
-МОН во насока на заштита на учениците, преку централизиран систем ќе ги оневозможи сите содржини кои се означени како несоодветни за возраста на децата. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка, наведува МОН.
Додава и дека претходно инвестирало во нови персонални и преносни компјутери за училиштата, смарт табли, 3Д скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци...
-Исто така, беа набавени и нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки, како историја и географија, и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта, информира МОН.
Ново на Сител
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска
-
Трипуновски: Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на ендемичниот вид пастрмка
-
Обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ добија амнестија
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово