МОН: Ќе се формира комисија, ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за петто одделение

Ќе се формира комисија што ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение, информираа попладнево од Министерството за образование и наука.
– Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението на историчари, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија што ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции. Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование и наука, а потоа конкретни насоки за постапување ќе бидат испратени до економскиот оператор задолжен за графичко уредување, превод, печатење и дистрибуција на учебникот, се појаснува во соопштението.
МОН апелира до надлежните стручни тела и органи што се дел од процесите на одобрување на учебници, да продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците што се користат во основното и средното образование.
– Секако, во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса books@mon.gov.mk, додаваат од Министерството.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
