Македонија
20. April 2016 - 19:24

МОН ќе додели 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм во Охрид

Министерството за образование и наука за академската  2016/2017 година ќе додели 30  стипендии за последипломските студии за шест студиски програми  на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид  .

Стипендиите  во полн износ се за сите три студиски години,   и подеднакво  важат и за македонски  и  за странски студенти.

Конкурсот ќе трае до 15 септември,  а  услов за добивање е кандидатот  да биде запишан на  Филмската академија, да не е корисник на друга стипендија ,   и  да има солидно  познавање на англискиот јазик.

Филмска академија Охрид,  беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага.