МОН: Испорачани дел од новите печатени учебници за основно образование
Испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика, информираат од Министерството за образование и наука.
– Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и петто одделение, на турски наставен јазик. Испораката на учебниците по вториот и третиот договор ќе се одвива оваа работна недела, наведуваат оттаму во денешното соопштение.
Како што додаваат од Министерството, станува збор за 18 учебници.
– На македонски наставен јазик: македонски јазик за прво и за второ одделение, математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и за четврто одделение, историја и општество за четврто и за петто одделение. На турски наставен јазик: учебник за турски јазик за прво и второ одделение. На албански наставен јазик: учебник по математика за четврто одделение и учебници по албански јазик за второ, четврто и петто одделение. На српски наставен јазик: учебници по српски јазик за второ, четврто и за петто одделение и учебник по математика за четврто одделение, се појаснува во соопштението.
Веднаш потоа почнува испораката и на учебниците по четвртиот договор и тоа, учебник по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик.
Новите учебници ќе бидат достапни и на веб-страницата на Министерството за образование и наука, www.e-ucebnici.mon.gov.mk. Од Министерството апелираат родителите да не прават беспотребни трошоци и да ги копираат учебниците, бидејќи печатените учебници ќе бидат достапни за секој ученик бесплатно.
– Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции континуирано продолжува да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетен воспитно – образовен процес, нагласуваат од Министерството.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
