МОН: Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за студентски оброк
Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март, соопшти МОН.
Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.
Од МОН потсетуваат дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.
- Грижата кон учениците и студентите се зголемува. МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија