-->
-->
МОН и СОНК на нова средба попладнево затвопрена за јавноста
-->
МОН ги повика членовите на СОНК повторно на средба во министерството. Министерот не откри што ќе им понуди на синдикалците и дали на оваа средба ќе се постигне договор за покачување на платите на наставниците.Оттаму информираа дека средбата ќе биде затворена за присуство на јавноста. Од СОНК остануваат на барањата за покачување на платите за уште најмалку 15 проценти дополнително на досегашните 10 отсто.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков за Сител изјави дека денеска очекува првични конкретни предлози од страна на МОН, ако има нешто конкретно и прифатливо дополнително ќе не информира како ќе постапат.
Но доколку не се постигне никаков договор на средбата наставниците ќе почнат со штрајк.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
