МОН ги повика сите кои ќе најдат да пријават грешки во учебниците
Министерството за образование ги повикува граѓаните и здруженијата да ги пријават грешките во новоотпечатените учебници. Ова следи откако деновиве беа констатирани повеќе небулози во Историја и Општество за 5 –то како и Географија за 8 – мо одделение во кој на 38 –та страница пишува дека Финците, Унгарците, Турците се народи од жолта раса во Европа.
- Доколку било кој граѓанин, група граѓани, здруженија и слично, оценат дека во одреден учебник има несоодветна содржина, можат да достава известување до нас и тоа секако ќе биде разгледано и соодветно одлучено. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса books@mon.gov.mk, велат од министерството за образование и наука и велат дека се отворени за соработка и сушестии.
Досега јавно реагираа од Здружението на Историчари за содржината во Историја и Општество за 5-то и најавија дека најдоцна во понедленик во МОН ќе ја достават деталната анализа со барање учебникот да биде повлечен.
Дали тоа ќе се случи според изјавите на министерот за образование ќе се знае до почетокот на второто полугодие.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар