МОН демантира дека е усвоена уредба со која училиштата продолжуваат со работа од 18 мај
Министерството за образование и наука преку соопштение ја демантира информацијата која денеска е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Македонија продолжуваат со работа од 18 мај.
Од МОН информираат дека се работи за лажна информација и документ, кој воопшто не е подготвен од МОН и усвоен од Владата, а оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови.
За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, посочуваат од МОН, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност.
Од МОН апелираат да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид