МОН бара разбирање од родителите, дел од учениците и наставниците имаат проблеми со он-лајн наставата
25 отсто од учениците и наставниците имаат проблеми со онлајн наставата. Најчесто немаат пристап до интернет, или немаат ИТ уреди за проследување на часовите. 98 проценти од децата до трето одделение наставата ја следат од училишните клупи, а остатокот од дома.
Министерката Царовска бара разбирање од родителите и повикува да не се бојкотира наставата.
-Да не заборавиме дека ова е тежок процес во кој што одиме сите заедно и наставниците, и учениците, и родителите и Владата. И дека со бојкот нема да постигнеме ништо. Тоа неконструктивен начин на искажување на незадоволство кое во суштина е незадолство од промени. Но, во суштина промените се одвиваат секој ден и на различни прашања. Не станува збор за желби, туку едноставно немаме друг избор, вели Царовска.
Надлежните уверуваат дека се работи на обезбедување на сите технички услови за онлајн настава за сите ученици.
На денот на наставниците, Цароска рече дека на ниво на цело држава има доволен број наставници, но вели дека доколку има потреба општините имаат можност по итни и неодложни работи да ангажираат нови професори. Претходно синдикатите предупредија дека во Македонија има дефицит од околу 1.000 наставници.
Инаку, на настанот по повод Денот на наставниците беа поставени столчиња на дистанца, но не беше дозволено да се седи на нив со образложение дека станува збор за инсталација која таму ќе биде поставена во следните три дена. Поради тоа, медиумските работници и љубопитните граѓани стоеја еден до друг, спротивно на препораките за заштита во време на пандемија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
