Момент кој вечно ќе го памети: Другарите собрале пари за да организраат средба на сиромашен соученик со мајка му
Тинејџерот Мајк Терце од Нигерија, ќе ја помни неговата матура до крајот на животот.
Имено, неговите другари одлучиле да го изненадат и се погрижиле да му организараат средба со неговата мајка, која не ја видел четири години.
Мајк ја напуштил родната Нигерија и дошол во САД во 2012 година за да се школува и да тренира кошарка и од тогаш не ја видел мајка му. Неговите другари затоа тајно собирале финансиски средства цела една година за да можат да и платат авионски билет на мајка му Фелисија и таа да го изненади на последниот училишен ден.
- Пресреќен сум што ја гледам мајка ми. Ова е најубавиот ден во мојот живот. Мило ми е што таа може да го види ова. Ќе одам на факултет, изјави сиромашниот Нигериец, чие студирање ќе ќе го степендира неговиот кошаркарски клуб.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров