Момче со Даунов синдром добитник на награда на ораторски вечери
Вкупно 11 студенти од државните и приватните универзитети во Македонија, меѓу кои и Александар Матовски - Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет, учествуваа на првите ораторски вечери на тема „Бедна е онаа правда што треба да се правда“ одржани синоќа на универзитетот ФОН.
Добитник на прва награда за најдобри оратори е Емилија Манасијевска од Факултетот за економски науки ФОН. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Елена Орцева од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Третата награда ја понесе Александар Матовски - Цако од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни потешкотии.
Ораторските вечери беа збогатени со изведба на класична музика и дегустација на вина
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница