Македонија
3. November 2015 - 16:43

Момче и девојка од Битола пронајдени мртви во мотелска соба

33 – годишен маж и жена на возраст од 27 години пронајдени се мртви во мотелска соба во индустрискиот дел од Битола. Безживотните тела на И.К. и И.Ѓ. ги пронашол вчера попладне вработен во мотелот. Сомнително му станало што никој не излегувал и влегувал во собата од 24-ти октомври, кога двојката се пријавила во мотелот. Откако пријавил во полиција, јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола ги пречекала стаотна глетка – безживотните тела во фаза на распаѓање биле пронајдени голи на креветот, во близина на бањата.

Со цел утврдување на причините за смртта, јавен обвинител нареди обдукција на двете тела, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Неофицијално, сега покојниот И.К. бил познат на полицијата по повеќе кривични дела, меѓу кои и деликти поврзани со наркотични средства.