Спорт плус
26. December 2017 - 17:37

МОК обезбеди целосната здравствена заштита на олимписките кандидати

 
 
 Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски и директорот на Градска општа болница (ГОБ) 8-ми Септември, Доц. д-р Христијан Костов, потпишаа договор за партнерство со кој, ГОБ ќе ги пружи своите најдобри услуги на MOK односно на најдобрите македонски спортисти Олимпијци и Олимписки кандидати до 2020 година.
 
Во разговорите помеѓу челните луѓе на двете институции се потенцира потребата од брза имплементација на договорената соработка, посебно во делот на спортската медицина и специјализација на стручен кадар од ГОБ во најсовремените спортско медицински центри во светот.
 
МОК ја потенцира огромната потреба од формирање на високо квалитетен и модерен Спортско медицински центар кој ќе ги задоволи есенцијалните потреби на македонските спортисти за предикција и санација на спортските повреди, детекција на моменталните и долгорочни спортски и физиолошки перформанси на најдобрите македонски спортисти како и да учествува во константното и долгорочно унапредување на нивните најдобри спортски резултати.
 
Со овој договор МОК ја заокружи здравствената заштита на олимписките кандидати и верува дека со овие чекори грижата за најдобрите македонски спортисти ќе биде на највисоко можно ниво, со што ќе им се олесни процесот на постигнување на врвни спортски резултати во континентални и глобални рамки.