„Мој е летниковецот, го резервирав“: Жена брка ТВ екипа која снима 4 годишно дете со дијабет | ВИДЕО
„Мој е летниковецот, го резервирав“. Жена брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет. Вистинска непријатност доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет.
Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.
Со висок тон им дава на знаење дека нејзиното дете тука ќе славело роденден и дека летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, наводно ѝ бил резервиран.
– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?
– Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината.
– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир.
– Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се’.
Вака тече комуникацијата меѓу репортерката на Алфа и госпоѓата која ја избрка ТВ екипата.
Видеото се прошири масовно. Однесувањето на жената веќе го осудија и повеќе јавни личности.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје
-
Литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ
-
Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка
-
ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со дожд
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина