Могрини: Стратегијата дава конкретни перспективи за ЕУ-интеграцијата на шестте партнери
Западен Балкан географски е дел од Европската унија и дели иста историја и ќе делиме заедничка иднина во рамки на Европската унија, рече високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која беше презентирана Стратегијата на ЕК за Западен Балкан.
- Стратегијата дава заеднички конкретни перспективи за ЕУ-интеграција на секој од шестте партнери, врз основа на заслуги и процеси кои се познати. Јасно е дека потребата од реформи постои за луѓето да ги имаат и уживаат истите права и стандарди како и жителите на ЕУ. Лидерите и луѓето на Балканот направија јасен избор за членство во ЕУ, секоја со свое темпо и време, но со јасна цел. Денеска ние го правиме истото, им кажуваме дека и нашиот избор е ист и перспективата е јасна, рече Могерини.
Посочи дека датумот 2025 година не е краен рок, туку цел и реална перспектива за затворање на целиот процес за сите кои имаат почнато и тие кои во блиска идина ќе ги почнат преговорите.
- Да го внесеме Западен Балкан во ЕУ не во некоја далечна иднина, туку нашата генерација. Следните месеци ќе бидат интензивни и амбициозни и се надевам дека следните месеци ќе ги паметиме како пресвртница и клучни за ЕУ. Бројот на членки не е врзан за бројот 27 и може да биде поголем, рече Могерини.
Посочи дека стратегијата има шест конкретни иницијативи кои ги покриваат сите клучни области, како владеење на право, безбедност и миграција, социоекономски развој, транспорт, дигитална агенда, помирување и добрососедство.
Еврокомесарот за проширување Хан, рече дека ова е историска можност и позитивен момент што создава мотивација и оптимизам, но секој мора да ја исполни својата домашна задача.
- Стратегијата и сите позитивни елементи не се покана, туку едноставно канализирање на сите иницијативи кои се започнати во минатото. Јасно е дека критериумите мора да бидат исполнети. Затоа е добро да се истакне дека не се работи за омекнување на критериумите за влез, туку овие датуми треба повеќе да служат како поттик за лидерите и земјите кандидатки да ги спроведат потребните реформи, изјави Хан.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија