Могерини се надева на позитивен резултат од преговорите за Кипар во Женева
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини се надева на позитивен резултат од преговорите за надминување на кипарскиот проблем.
Могерини ова го изјави за време на првото годинешно заседание на министерите за надворешни работи на 28-те земји членки на ЕУ во Брисел, пренесе ТАСС.
„Се надевам на позитивен резултат. Со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер заедно бевме минатата недела во Женева“, рече Могерини и дополни дека ги поддржува двете страни во Кипар и преговорачкиот процес за островот под агенда на ОН, како и работата на трите земји гаранти - Велика Британија, Грција и Турција.
- Нашите тимови продолжуваат со работа за да може овој процес да биде доведен до позитивен резултат, истакна Могерини.
На 12 јануари во Женева заврши последниот круг од преговорите за Кипар, на кој беше донесена одлука работните групи на ниво на експерти на 18 јануари повторно да се зафатат со проблемот за островот.
Ново на Сител
-
ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство
-
Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, во која се повредени две лица
-
Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје
-
Димитриеска Кочоска: Индустријата зазема стабилен курс на раст
-
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС
-
Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура