Могерини: Миграциската криза ќе трае долго
Миграциската криза во ЕУ ќе трае долго и треба да се подготвиме за решавање на овој проблем на долгорочен план, изјави денеска Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на крајот на неофицијалната средба на министрите за надворешни работи од Унијата во Луксембург.
- Треба да се сфати дека сегашната криза не е вонредна ситуација, која наскоро ќе заврши. Таа ќе трае долго, тоа е криза, со која долго време ќе имаме работа, нагласи Могерини.
Таа додаде дека за решавање на бегалската криза е потребно да се зајакне соработката со земјите од Западен Балкан и Турција
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн истакна дека „ЕУ планира да создаде постојан механизам за прифаќање мигранти во земјите од Унијата, а нивниот број треба да биде одреден пропорционално на големината на земјите-членки“.
Преку Грција и Италија од почетокот на годинава во земјите од ЕУ влегле 310.000 мигранти.
ЕУ свика вонредна средба на министрите за внатрешни и за надворешни работи на 5 и 6 октомври, со цел да ја разгледаат ситуацијата со мигрантите во Унгарија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација