Могерини: Чистата препорака резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата
Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могеринии денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, која изрази задоволство што опозицијата се врати во законодавното тело.
- Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници.
Додаде дека Македонија се вратила патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.
- Кога ќе се сетам што се случувше тука, во Собранието пред една година и што се случува сега можам да кажам дека поминавте долг пат. Позитивно е што се вративте на патот, ја поминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Препораката е големо достигнување за сите во земјата и таа е пред се достигнување кое се постигна благодарение на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини.
Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација.
Изрази уверување дека преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за имет, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп