МОБ ќе добие модерна сала според сите стандарди
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Македонската опера и балет, каде се реновира големата сала.
- Проектот почна пред неколку месеци. Институцијата веќе има избрано фирма која во моментов работи на реновирање на целата сала во МОБ. Реновирањето е од огромно значење за функционирање на оваа наша најголема институција, рече Канческа-Милевска.
Таа информира дека реконструкцијата ќе опфати промена на подот, на сите 730 седишта, на осветлувањето, на двете влезни партии ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби, ќе има реконструкција на фоајето, промена на мермерот, ѕидни стакла, молерофарбарски работи...
Според договорот, како што рече, се предвидува до крајот на септември да завршат сите активности за институцијата од октомври да почне непречено да работи.
- Од буџетот на Министерството за култура се издвоени околу 62 милиони денари. Во изминатиот период беа издвоени околу 15 милиони денари за реконструкција на системот за греење и ладење за големата сала, кој е ставен во функција. Имаше инвестиции во делот на сцената. Со реновирање на салата ќе се подобрат условите за функционирање и за следење на сите програмски содржини во МОБ, истакна Канческа-Милевска.
Министерката за култура соопшти дека ќе се набави систем за превод и титлување на сите претстави, при самите седишта. Освен македонски, ќе има превод на англиски, германски, албански...
Директорот на МОБ Игор Дурловски нагласи дека добиле огромна поддршка од Министерството за култура за да го реализираат проектот.
- И како гледач и како уметник, често публиката кажува дека столчињата не се удобни и оти е време салата да се реновира. Во програмата што ја имав напишано кога конкурирав за директор на МОБ, беше дека ќе се трудам да донесам дел од странската публика кај нас. За такво нешто требаат услови. Условите благодарение на Министерството за култура ќе ги имаме и верувам дека наскоро ќе имаме модерна сала, која ќе ги задоволува сите стандарди, рече Дурловски.
Ново на Сител
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица