МНР вработува дипломати и стручни соработници

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека денес, 29 декември 2018 година, е објавен Јавниот оглас број 379/2018 за вработување на 26 (дваесет и шест) административни службеници во Министерството за надворешни работи (дипломати - приправници и помошно -стручни службеници).
Јавниот оглас, покрај на интернет страната на Агенцијата за администрација е објавен и во дневните весници Нова Македонија, Независен весник и Лајме и истиот ќе трае 20 дена од денот на објавувањето.
Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија
Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на следната интернет страница: http://prijava.aa.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
