МНР: Повеќе држави и понудија помош на Македонија

До Република Македонија помош за справување со последиците од невремето во Скопско и во Тетовско досега понудиле бројни пријателски држави. Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понуда за помош се уште пристигнува, информираат од Министерството за надворешни работи за МИА.
- Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош, посочија од МНР.
Република Македонија, посочуваат од МНР, викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија. Во поплавите во Скопје животот го загубија 21 лице и над 70 се повредени. Владата на Република Македонија денеска прогласи и ден на жалост. Силите на Министерството за внатрешни работи и АРМ, заедно со Црвениот крст на Република Македонија и граѓани-волонтери сеуште се на терен и работат на расчистување на теренот. Воедно, започнати се бројни хуманитарни акции за оштетените семејства, потсетуваат од МНР.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
