МНР: Почетокот на преговорите со ЕУ ги дава првите резултати
Европската комисија денес предложи да се обезбедат 100 милиони евра макрофинансиска помош во форма на заеми за Северна Македонија како поддршка за фискалната одржливост и структурните реформи за 2023 и 2024 година, во контекст на отпочнатите преговори за членство во ЕУ, како и последиците кои државата ги чувствува поради руската агресија против Украина.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави: „Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денес предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години.“
Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните партнери и партнерите за проширување, и е наменета како исклучителен инструмент за одговор на кризи за партнерите на ЕУ. Тоа ја покажува солидарноста на ЕУ со овие партнери и поддршката на ефективни политики во време на криза без преседан.
Ново на Сител
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари