МНР: Нотата за руските дипломати е за активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека тројцата дипломати од Руската амбасада во Скопје се прогласени за непожелни во државава на 12 месецов, поради информации добиени од надлежните органи за преземени активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.
-На 12- ти септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, наведе МНР во соопштние.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова синоќа во објава на социјалните мрежи наведе дека властите на Северна Македонија, на 12 септември, без објаснување на причините, прогласиле тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“.Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор, дополнувајќи дека нема да остане без одговор.
Ново на Сител
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
