МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Италија
Министерството за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во силниот земјотерсот што го погоди централниот дел на Италијанската Република.
Воедно, МНР известува дека Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.
- За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се вели во соопштението од МНР.
Амбасада на Република Македонија во Рим, Италијанска Република
Лица за контакт: Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Лице за контакт: Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон: 00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome
Е-пошта rome@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Лице за контакт: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: 00389 72 239 052
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk
infocentar24/7@mfa.gov.mк
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар