МНР: Македонска државјанка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата коска
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, согласно информациите добиени од Канцеларијата на Обединетите Нации за Волонтери, денеска потврди дека македонската државјанка Анита Андреевска загина на 13 март оваа година во терористичкиот напад во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата коска.
Во нападот, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 недолжни цивили.
Министерството денеска, како што се наведува во соопштението, оствари средба со семејството на починатата на која изрази сочувство до најблиските за загубата и уверување дека ќе ги преземе сите потребни активности согласно законските прописи за пренесување на телото на починатата во нашата држава.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски испрати и телеграма со сочувство до неговиот колега од Брегот на Слоновата коска Абдалах Алберт Тојкус Мабри во која изрази жалење за сите жртви од грозоморниот чин и истакна дека Република Македонија го осудува овој чин и ја изразува својата целосна поддршка и солидарност кон сите земји кои се соочуваат со терористички напади.
Република Македонија останува и натаму силно посветена во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, кои се заеднички закани за целиот свет и на кои целата меѓународна заедница треба заеднички да им се спротивстави, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда