МНР ќе одлучува дали Лавров ќе слета во Скопје
Дали вечниот шеф на руската дипломатија, Сергеј Лавров ќе слета во Скопје? По долгиот молк владата денеска одлучи да ја префрли одговорноста. Го задолжи МНР да одлучи дали ќе ја тргне забраната за прелетување и слетување на авиони од Русија во земјава. Министерот Османи треба да пресече.
Владата им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлулат за издавање одобрување за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на оддржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември.
Во документот од седницата пак јасно е наведено дека е донсена одлука за дополнување на одлуката за рестриктивни мерки од февруари минатата година
Рестриктивната мерка од член 2 алинеја 2 од оваа одлука нема да се применува за воздухопловот на Руската федерација кои што ќе слета на територијата на РСМ за време на министерскиот состанок, за којшто министерството за одбрана и МНР претходно ќе издадат одобрување за прелет и слетување, стои во одлуката на Влада.
Од Владата на крајот на соопштението сепак нагласуваат дека, во конференции како ОБСЕ се прават исклучоци во рестрикциите, кои ние ги имаме воведено кон Русија.
Додека македонските институции молчат, новинарот Рикард Јозвајк кои известува за настани поврзани со ЕУ и НАТО, на својот Твитер профил напиша дека Русија аплицирала за издавање на 85 визи, меѓу кои и виза за Лавров, неговиот доктор, обезбедувањето, неговата портпаролка Марија Захарова, но и за 24 руски новинари.
Сител испрати и меил за потврда на оваа информација во македонската амбасада во Москва и во руската амбасада во Македонија, но одговор не добивме.
Министерскиот Совет на ОБСЕ почнува за 5 дена, а доаѓањето на Сергеј Лавров останува енигма.
Претходно и аналитичари и правници од Македонија, коментираа дека доколку Лавров не присуствува на советот на ОБСЕ, Македонија ќе ја прекрши Виенската Конвенција. Рестрикциите на ЕУ кон Русија на кои се имаме приклучено, не важат за дипломатски настани.
За летот на Лавров велат, може да се направи исклучок и да се одобри да слета во Скопје, само за министерскиот совет на ОБСЕ. Сепак, за да стигне до скопскиот аеродорм, авионот на Лавроив ќе треба да добие дозвола за прелет и од земјите во соседството.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар