МНР: ДКП-ата во Турција се на 24-часовно располагање за македонските државјани
По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција Министерството за надворешни работи информира дека дипломатско-конзуларните претставништва во земјата се на 24-часовно располагање на евентуални прашања од македонските државјани.
-По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција. Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информираат од МНР.
Рано утринава имаше силен земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп во кој според досегашните информации загинале повеќе од 300 луѓе во Сирија и Турција.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат