Мнозинството во штипскиот општински Совет најави потпишување свечени изјави со уставното име
Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип ќе го испочитуваат рокот што им е даден од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа и ќе ги потпишат изјавите со уставното име, информира координаторот на Советничката група Душко Иванов, по денешната координација меѓу 13 советници.
Иванов вели дека ќе го испочитуваат законски предвидениот рок од 15 дена, појаснувајќи дека денешната трета седница на Советот била закажана пред седум дена и од тие причини продолжува по предложениот дневен ред.
Претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Карагунова-Кожинкова пак истакна дека ќе ги искористат правните лекови и ќе се жалат на второстепената Комисија на решението во кое е забележано дека нивните претходни изјави се неуставни, а одлуките кои ги донесоа на седниците се неважечки.
Советниците од опозициската СДСМ дојдоа пред седницата на Советот, но откако беа информирани дека нема да им се понудат свечени изјави со уставното име и ги слушнаа изјавите на Иванов и Карагунова-Кожинкова решија да не влезат во салата и да не присуствуваат на трета седница на општинскиот Совет.
– Со оглед дека ниту видовме волја, ниту желба од страна на мнозинството во Советот на Општина Штип да ме повикаат како координатор на советничката група да поразговараме за можностите за отстранување на овие правни недостатоци, ние и денеска нема да учествуваме во работата на Советот, изјави Маријана Рогожарска-Поповска, координатор на советничката група на СДСМ-Штип.
Во свечената сала остана само опозицискиот советник, Зоран Костовски на кого не му беше верификуван мандатот, бидејќи бил на службен пат пред десет дена. Службите му ја понудија свечената изјава на која не беше наведено уставното име на државата, но тој оди да ја потпише со образложение дека е неуставна.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
