Македонија
7. January 2020 - 11:25

Многу оштетени или отстранети сообраќајни знаци во Тетово

Несосвесните постапки на дел од граѓани во Тетово, како и одредено непостапување на општинските служби доведоа до состојба на одредени места да ги нема сообраќајните знаци или да стојат целосно оштетени и нефунционални. Се бележат ситуации каде сообраќајни знаци се исечени и оставени на земја, поставени се плакати, па воопшто не можат да се користат или пак се оштетени до мера возачите да не можат да препознаат за каков знак станува збор.

Од Секторот за сообраќај, патишта и градежно земјиште при Општина Тетово објаснуваат дека се прави преглед на сообраќајните знаците со цел да се заменат или поправат, но тврдат дека не може на сите проблематични места да се интервенира навремено.

– Еднаш годишно се прави план за јавна набавка за одржување на вертикална и хориознтална сигнализација. Се снабдуваме и со сообраќајни знаци и ги поставуваме каде што има потреба. Ние вршиме контрола, но добиваме и информации од МВР, како и од пријави на граѓаните. Во Тетово има премногу мали улички и многу по број и не може да се проверат сите до една во текот на една година. Апелираме за совесност на граѓаните и да не ги оштетуваат. Има примери каде се крадат самите знаци и столбови, потоа се лепат плакати или се шкртаат со графити и натписи и се оштетуваат намерно, се вели во одговорот од Секторот за сообраќај, патишта и градежно земјиште.

Од тетовската полиција апелираат да не се оштетуваат сообраќајните знаци или самоволно да се менува нивното значење, со оглед на нивната потреба за вкупната безбедност на патиштата. Воедно потенцираат дека забрането е на столбовите на сообраќајните знаци да се поставуваат други елементи, кои немаат врска со значењето на знакот, според член 190 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

– Секое оштетување на сообраќајните знаци претставува законски прекршок за кој е предвидена парична глоба од 300 евра, додека глобата за правното лице кое е задолжено за одржување на знаците изнесува 2000 евра.екторот за внатрешни работи Тетово без исклучок ќе ги санкционира ваквите прекршоци, со цел да се овозможи непречено функционирање на поставената сообраќајна сигнализација, како елементарно битен предуслов за нормално и безбедно движење на сите учесници, велат од СВР – Тетово.

Карактертерика за сообраќајната сигнализација се и избледените пешачки премини и слично означување